Поранешниот Германски репрезентативец Дитмар Хаман го прокоментира натпреварот помеѓу Германија и Португалија во студиото на Ирската национална телевизија, велејќи дека еден потег на Кристијано Роналдо ги мотивирал Германските играчи.

Со водство на Португалците од 1:0, Роналдо малку се опушти, па ја додаде топката над Рудигер, а потоа ги испружи рацете како да сака ја фати, совршено, без да гледа, тој играше за неговиот соиграч со пета.

“Беше потполно непотребно. Секако дека неговата техника е импресивна, но мислам дека понекогаш го омаловажува противникот. Тој го стори тоа на 1-0. Вие сите тука околу мене воздивнувавте и му се восхитувавте по тој потег. Да, тој и Меси се најдобри во светот, но Роналдо сега изгледа како будала. Прашајте ги Германските играчи што мислат за тој негов потег. Сигурен сум дека го забележале и дека тоа дополнително ги мотивирало “, рече Хаман и додаде:

“Не разбирам што тој сакаше да постигне со тоа. Верувам дека секој Германски играч ќе ви каже дека тоа го вклучи алармот и дека тоа беше почеток на голем пресврт”.