Хамес Родригез веќе подолго време е желба на Карло Анчелоти и Наполи, се чини дека преговорите финишираат иако траат маратонски.

Жорж Мендеш е менаџерот на Хамес Родригез, тој е веќе во Неапол на завршни преговори, проблем за Анчелоти и Наполи е високата откупна клаузула, Реал Мадрид бара 50 милиони евра, сума која засега не е прифатлива за клубот од Италија.

Мендеш важи за „суперагент“  и се верува дека ќе ја среди работата, Родригез да дојде како позајмен играч оваа сезона во Наполи.