Офанзивниот плејмејкер на Реал Мадрид, Хамес Рордригез дефинитивно нема да биде во ростерот на Зидан за викенд пресметката против Бетис.

Хамес се најавуваше дека од денеска ќе се врати во тимот но последните прегледи покажале дека репрезентативецот на Колумбија можно е да се опорави од повредата за дуелот со Галатасарај во Лигата на шампионите.

За мечот со Бетис во почетната единаесетка најавен е Модриќ кој полека влегува во ритам по серијата проблеми со повреди.