Според пишувањата на ЕСПН Колумбија, Хамес Родригез следната сезона ќе го носи дресот на Наполи.

Колумбиецот ова лето треба да се врати во Мадрид по неуспешната авантура во Баерн Минхен, но Зинедин Зидан не смета на него и тој треба да си најде нов клуб.

Од сите понуди кои стигнаа на негова адреса најпривлечна беше онаа од Наполи, каде треба одново да соработува со Карло Анчелоти.

Наполи сака да го донесе Хамес Родригез на позајмица и следното лето во целост да го купи играчот за околу 40 милиони евра.