Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон  сензационално славеше на трката за Големата награда на Бразил. Британецот стартуваше од 10. место, но на крајот успеа да триумфира и со тоа го намали заостатокот зад главниот ривал Макс Верстапен  на глобалното рангирање.

Хамилтон потоа беше казнет со 20 места за неисправно задно крило, а веќе претходно беше казнет поради промена на моторот и доби поместување за пет места наназад. Денеска доби нова казна.

Имено, Британецот целосно го одврза појасот за време на бавниот круг во кој ја прослави победата, па управата на Формула 1 му испрати казна од 5.000 евра, со уште 20.000 кои треба да ги плати до крајот на следната година.

За потсетување, следната трка се вози за Големата награда на Катар на 21 ноември.