Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Емилија Ромања, бидејќи беше најбрз во квалификациите за време од 1:14.411.

Тоа е 99-та пол позиција во кариерата на Хамилтон.

 

„Ред Бул беше брз викендов, но нашиот болид е сè подобар и побрз. Честитки за нашиот тим за напорната работа. „Недела ќе биде голем предизвик, ќе биде потребна вистинска стратегија, имајќи предвид дека зад себе имаме два Ред Бул“, вели Хамилтон.

 

 

 

Како што рече Хамилтон,  ќе бидат многу задоволни и во Ред Бул, бидејќи нивниот тандем е веднаш зад актуелниот шампион. Изненадувањето го приреди Серхио Перез, кој заостана 35 илјадитинки од Британецот, а Макс Ферстапен беше 52 илјадитинки побавен од него.

 

„Честитки за тимот. Направив една грешка и ги натерав да работат напорно. Закрепнавме. Најважно е да се напредува. Не очекував второ место по она што го покажавме во петокот. „Неделата ќе биде најважна“, рече Перез.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Шарл Леклерк од Ферари беше четврти, додека Пјер Гасли во Алфа Таури беше на петтото место. Следува тандемот Мекларен, Даниел Рикардо-Ландо Норис, а Норис имаше шанса за подобар пласман до самиот финиш. Норис имаше второ време, но во еден момент излезе од патеката, па заврши на седмото место.

Осмата позиција ја зазеде колегата на Хамилтон, Валтери Ботас, а водечките десетмина ги комплетираа Естебан Окон од Алпина и Ленс Строл од Астон Мартин.