Словенецот Самир Хандановиќ смета дека Интер е на добар пат но има уште многу до титулата, ова е почеток на сезоната.

Интер има најдобра одбрана во Европа, прими само еден гол во калчото, запиша пет од пет и во моментов е лидер во Италија.

„Играме добро, имаме одлична одбрана, можеме  и мораме уште многу да напредуваме, сезоната ќе биде напорна, не сме перфектни иако имаме максимален почеток на сезоната, мораме да бидеме  константни“ – изјави Хандановиќ за „GazzettadelloSport“.

Словенецот вчера против Лацио го запиша 300. меч во дресот на Интер, на 109 натпревари нема примено гол и тој столбот на одбраната на тимот од Милано.