Баерн Минхен ќе треба да ја потврди фаворитската улога на теренот на „Стенфорд Бриџ“ против Челси вечерва во Лондон ако сака порелаксирано да го дочека реваншот во Германија од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Челси е неверојатен тим со млади но и со искусни играчи. Тие играат слободно и тоа им носи предност, особено во нападот. Брзи се во нападот, во одбраната прават грешки но тие се тим кој може да изврши притисок. Мојот тим знае што да очекува и сакаме да бидеме храбри во нападот.“ – изјави Ханси Флик, тренерот на Баерн Минхен.

Во составот на Баерн поради повреди денеска не се во комбинација за настап, мартинез, Перишиќ и Суле.