Актуелниот тренер на шампионот на Германија, Ханси Флик, потврди дека го напушта Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.

Флик по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите, нема намера да остане во редовите на Баерн.

„Сакам да го прекинам мојот договор, тоа ќе се случи ова лето по завршувањето на сезоната. За мене беше многу важно тимот да дознае од мене лично. Веќе им кажав и на челниците уште по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампиони“, изјави Флик за „Скај“.