До крајот на Примера останаа уште само две кола, а три клуба се во игра за титулата. Атлетико е водечки со два бода повеќе од Реал Мадрид, а Реал има два бода повеќе од Барселона. Севиља и математички ги загуби шансите затоа што во меѓусебен дуел е полоша од Атлетико, па дури и да заврши со исто бодови како тимот од Мадрид титулата ќе му припадне на тимот на Чоло Симеоне.

Атлетико е во далеку најдобра позиција, затоа што се зависи од нив. Во случај да победат дома против Осасуна и на гости кај Ваљадолид, сигурно е шампиони.

Реал Мадрид се надева на кикс на Атлетико и додека чека грешка на градскиот ривал, мора да ги освои шесте бода против Атлетик и Виљареал.

Далеку најтешка задача има Барселона. Има преголем минус, а ја чекаат дуели со Селта и Еибар.

Во случај да имаат ист број бодови Реал и Атлетико, првак ќе биде кралскиот клуб, затоа што има подобар меѓусебен дуел. Но, ако на крајот исто бодови имаат Атлетико и Барселона, тогаш шампиони ќе бидат Атлетико Мадрид.

Распоред до крајот на сезоната:

Атлетико Мадрид: Осасуна (ДОМА), Реал Ваљадолид (ГОСТИ)

Реал Мадрид: Атлетик Билбао (ГОСТИ), Виљареал (ГОСТИ)

Барселона: Селта (ДОМА), Еибар (ГОСТИ)