Здравјето мора да биде на прво место но мора да се гледа и пошироката слика и влијанието на ситуацијата со Коронавирусот по клубовите и спонзорите.

Потпретседателката на Вест Хем, Хари Бери тврди дека оваа сезона треба да биде поништена, едноставно заборавена од историјата а земјата да се подготвува за следната сезона и воедно да се справува со кризата.

„Суспензијата и откажувањето на натпреварите беа очекувани потези. Не постои реална можност во сите конкуренции како и во Премиер лигата, мечевите да се доиграат на високо ниво. Сезоната треба да се поништи а последиците да се избегнат. Премиер лигата ќе биде во прекин најмалку три недели и невозможно е системот да се рестартира, тоа може само во земајата на чудата. Ако лигата не продолжи? Сите натпревари во Премиер лигата и во чемпионшип дивизијата треба да се поништат и да не се бројат како одиграни.“ – вели Бреди.

Бреди ова го напиша во колумна за „Сан“ по која има низа реакции од навивачите пред се на Ливепрул кои не се сложуваат со идејата, Англија да нема првак во сезоната 2029/2020.