Репрезентативецот на Англија, Хари Кејн дефинитивно ќе го промени клубот ова лето откако побарал од управата на Тотенхем да биде ставен на трансфер листа.

Според „Скај Спорт“, Кејн одлучил дека е време за промени и трансфер во клуб кој ќе се бори за титули.

Англичанеот е трансфер цел на повеќе тимови од кои двата од Манчестер и Челси се главни фаворити за него ангажман.

Неофицијално, Тотенхем од продажбата на кејн очекува најмалку 120 милиони евра.