Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, во претстојното лето ќе ги разгледа сите варијанти и ќе реши за понатамошниот тек на својата кариера. Според, The Telegraph, една од најверојатните можности е неговото заминување од Тотенхем.

Имено, Кејн се сомнева дека Тотенхем е способен да се бори за трофеи, а отежителна околност е можноста клубот да не обезбеди настап во Лигата на шампионите, што ќе има големи финансиски последици.

Раководството на Тотенхем ќе направи се за да го сочува Кејн, но ако тој сепак реши да замине, клубот за него ќе бара најмалку 150 милиони фунти или 172,3 милиони евра.

Кејн потекнува од академијата на Тотенхем, а за првиот тим настапува од 2009 година. Во тековната сезона тој одигра 25 средби во сите натпреварувања и постигна 17 гола, а имаше и 2 асистенции.

Неговиот договор со Тотенхем важи до 30 јуни 2024 година.