Англискиот репрезентативец, Хари Кејн и покрај понудите од двата клубови од Манчестер сака да остане во Тотенхем барем уште една сезона.

Според „Телеграф“, Кејн кој има договор со тимот од Лондон до јуни 2024 година е решен да не го менува клубот ова лето по ЕУРО 2021 и добро да размисли каде ќе ја продолжи кариерата.

Управата на Тотенхем за Кејн бара 150 милиони фунти, сума оја се подготвени да ја платат двата клуба од Манчестер додека Реал Мадрид и Барселона ова лето нема да се во можност поради финаниската криза од Ковид-19.

Кејн досега постигна 209 гола на 319 натпревари за Тотнехем.