Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед конечно ја заврши потрагата по дефанзивец, откако управата на „црвените ѓаволи“, одлучи да ги плати 90 милиони евра за играчот на Лестер Хари Мегваер и да го собори светскиот рекорд за ангажман на еден фудбалер од одбраната.

Англискиот репрезентативец беше првиот избор на менаџерот Оле Гунар Солскјер но преговорите со управата на Лестер не беа воопшто лесни. Јунајтед нудеше 70 милиони евра, додека управата на Лестер не отстапи од сумата од 90 милиони евра и на крајот Вудворд се согласи да ја исплати бараната сума и да го направи Мегваер најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на Вирџил ван Дијк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти или 85 милиони евра.