Според информациите на англиските медиуми Манчестер Јунајтед и Лестер се договориja околу трансферот на англискиот репрезентативец Хари Мегваер.

Вредноста на трансферот би требало да изнесува околу 80 милиони фунти со што ќе се сруши досегашниот рекорд за цена на еден централен дефанзивец кој е во сопственост на Вирџил Ван Дајк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти.

Според таблоидот „Сан“ Мегваер во понеделник ќе пристигне во Манчестер каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со англискиот гигант.

Јунајтед веднаш ќе му плати на Лестер 60 милиони фунти, додека останатите 20 милиони ќе бидат исплатени преку одредени бонуси.