Се поизвесно е дека Манчестер Јунајтед следното лето ќе се раздели од Пол Погба, кој не оправда ниту третина од средствата кои беа вложени во него.

Оле Гунар Солскјер планира да прави целосна реконструкција на средниот ред, а на негово место ќе дојде Каи Хаверц од редовите на Баер Леверкузен.

Овој фудбалер годинава брилјира во Германија и е апсолутно еден од тројцата најдобри фудбалери во Бундес лигата. За него „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 80 милиони фунти.

Хаверц и Бруно Фернандеш треба да го сочинуваат „срцето“ на Јунајтед и да го вратат овој гигант на старите патеки.