Каи Хаверц на вчерашниот меч меѓу Вердер и Леверкузен постигна два гола, одново го привлече вниманието, тој е голем талент и има загарантирано успешна фудбалска кариера.

Легендата на Баер Леверкузен, Јенс Новотни, му порача на Јирген Клоп да го донесе младиот крилен напаѓач во Ливерпул, само така тој ќе биде голема ѕвезда во Премиерлигата.

„Хаверц може да напредува многу, тој има голем потенцијал, извонреден играч е уште сега со 20 години, мислам дека Јирген Клоп треба да го земе во Ливерпул, тој е таков тренер што ќе му даде многу простор во играта, слобода и ќе напредува уште повеќе“ – изјави Новотни.

Хаверц има само 20 години, на фудбалкста берза вреди 100 милиони евра, за репрезентацијата на Германија одигра седум натпревари и постигна еден гол.