Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид откако го продаде Родри на Манчестер Сити, веднаш ја најде замената за овој фудбалер.

Хектор Херера е нов играч на Атлетико Мадрид, кој во престолнната на Шпанија доаѓа од редовите на Порто и со оваа екипа веќе потпиша тригодишен договор.

За Симеоне во пресрет на новата сезона оваа е петто засилување откако редовите на тимот од Мадрид предходно го засилија Љоренте од Реал Мадрид, Фелипе од Порто, Ибанез од Сан Луис и Лодиј од Атлетико ПР.