Џордан Хендерсон го очекува пауза од најмалку 12 недели поради повредата на препоните. Ова е дефинитивна прогноза на лекарскиот тим на Ливерпул по успешната операција на капитенот на „Црвените“.

Хендерсон се повреди во дуелот со Евертон, а сега ќе мора да замине на рахабилитација и се очекува да почне со тренинзи кон средината на мај.

Ова значи дека Ливерпул остана без својот капитен до крајот на сезона, а неизвесно е дали Хендерсон ќе може да настапи за Англија на престојното ЕУРО 2021.

Покрај сите прогонози, од Ливерпул се надеваат дека Хендерсон ќе се оправи порано од предвиденото.