Актуелниот англиски шампион Манчестер сити на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул во недела ќе истрча без својот прв голман Едерсон.

Бразилецот нема да е во конкуренција за големото дерби, откако во средата се повреди во Милано на мечот против Аталанта од Лигата на шампиони. Тој има проблеми со бутниот мускул и предвреме го заврши дуелот на мечот со Аталанта.

Едерсон не може да игра. Не знам колку ќе биде надвор од терените, ама сигурно е дека в недела ќе го немаме на теренот. Имаме друг голман, Клаудио Браво, па тој може исто што и Едерсон. Ние го освоивме Карабао-купот благодарение на Клаудио, тој е извонреден голман и немам причина за загриженост. Зошто би имал сомнеж во некој мој фудбалер? Треба да го почитувате човекот, кој има освоено трофеи на Копа Америка“- изјави Гвардиола.

Ливерпул во пресрет на големото дерби има шест бода повеќе од Манчестер Сити со кои минатата сезона имаа епска битка за шампионската титула од која „Граѓаните“ излегоја како победници.