Ули Хенес му се закани на раководството на фудбалската федерација на Германија ако нивниот голман Мануел Нојер не биде прв голман на националниот тим  ќе им забрани на играчите на Баерн да играат за репрезентацијата.

Оваа изјава на Хенес предизвика бура во Германија, сепак претседателот на Баерн ретерираше и ја повлече заканата преку клупскиот портпарол.

„По натпреварот меѓу Баерн и Црвена Звезда господинот Хенес даде изјава за ситуацијата со голманите во репрезентацијата на Германија која денеска не би ја повторил. Затоа оваа тема ја затвараме и повеќе нема да коментираме“ – стои во соопштението од портпаролот на Баерн.