Израел освои бод против Македонија во Бер Шева во септември но она што утре ќе се случува на „Тодор Проески“ ќе биде сосема поразличен натпревар.

Ова го потврди и селекторот на Израел, Херцог кој верува дека неговите фудбалери можат да дојдат до победа.

„Македонија има одлични индивидуалци. Елмас, Пандев, Несторовски, Ќе мора да бидеме внимателни во одбраната и да се трансформираме од одбрана во напад и обратно. Ќе барам тимска игра особено во одбраната но секако нашата цел е победа на оваа средба. Мислам дека ќе биде ова убав натпревар за гледање, двете селекции имаат квалитет. Утре сакам да бидеме поагресивни, ќе дадеме се од себе за да победа иако немаме шанси за третото место.“ – изјави селекторот на Израел, Андреас Херцог.

Натпреварот меѓу Македонија и Израел е дел од последното коло од квалифиакциите за континенталниот собир во 2020 година.