Барселона и Интер во дерби мечот од 2 рунда во шампионската лига ги оправдаа очекувањата, а каталонците по пресврт славеа со 2-1. Јунак на овој меч беше Луис Суарез кој беше автор на двата погодоци, а уругваецот по натпреварот испрати низа на пофалби на адреса на тренерот Валверде.

„Валверде ни зборуваше за проблемите во играта во првиот дел. Ни објасни како да бидеме повеќе сконцентрирани околу нашиот притисок на противникот како и на начинот на кој го користиме својот посед. Поради тоа имаме таков тренер, најдобар е. Ги исправа нашите грешки и ни покажува како можеме да се подобриме. Ние сме најдобар тим на светот, знаеме дека секогаш сме под микроскоп, но го победивме Интер и ова е голем резултат. Си веруваме едни на други и тимската работа сега донесе победа“, -изјави уругвајскиот репрезентативец.

Барселона со синоќешната победа има 4 поени и е на делба на првата позиција со Борусија Дортмунд која има идентичен број на бодови, додека Интер и Славија Прага имаат по 1 освоен бод.