Шведска успеа да освои бод против Шпанија (0-0) во воведното коло од групната фаза на ЕУРО 2020, пред се благодарение на одличниот Робин Олсен.

„Неверојатен тимски пристап и работа. Начинот на кој момците трчаа на ова топло време, не сум јас единствениот заслужен за овој бод. Ова не е најдобриот натпревар кој сме го одиграле, но се боревме. Кога ќе погледнам наназад, год сум.“ – изјави голманот на Шведска, Олсен.

Швеѓаните во следното коло ќе играат со Словачка додека Шпанија оди на Полска.