Германскиот фудбалски тим Херта од Берлин се договори со белгискиот фудбалер Доди Лукебакио.

Тој доаѓа од англискиот Ватфорд, а за него германскиот тим плати 21 милион евра.Минатата сезона Лукекабио играше како позајмен играч во Фортуна Дизелдорф, за која постигна 14 гола во 34 натпревари.

Постигна „хет-трик“ во нерешениот резултат против Баерн Минхен 3-3 и со тоа стана единствениот играч кој му дал три гола на Мануел Нојер.