Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен направи кикс уште на стартот на новата сезона во Бундес-лигата.

Тимот на Нико Ковач на првиот меч ремизираше 2-2 на домашен терен против Херта од Берлин.

Роберт Левандовски во 24.минута го доведе баварскиот тим во водство, но Ведад Ибишевиќ и Марко Грујиќ со два гола во финишот на првиот дел направија комплетен пресврт за водство и предност на берлинскиот тим.

Левандовски од пенал во 60.минута успеа да изедначи на 2-2 за да на крајот натпреварот така и заврши.