Бразилските фудбалери го совладаа Германскиот тим во групата Д на Токискиот Олимписки турнир со 4-2.

Крилото на Евертон, Ричарлисон беше брилијантен и постигна хет-трик во првото полувреме, постигнувајќи погодоци во 7, 22 и 39 минута од натпреварот.

Куња ја пропушти можноста дополнително да ја зголеми предноста на Бразил промашувајќи пенал во првата минута од продолжението на првото полувреме.

Олимпискиот тим на „Елф“ не се предаваше, а резултатот беше намален на 3-1 од играчот на Баер Леверкузен, Нардин Амири во 57.минута од средбата.

Во 63-та минута Германија остана со играч помалку, но тоа не ги вознемири во нападите, а до намалување на 3-2  стигнаа во 83-та минута од мечот кога Арче го погоди голот на Бразилскиот голман Сантос по центаршутот на Раум.

Сепак, победата на Бразил беше потврдена со голот на Паулињо во четвртата минута од судиското надополнување.

На другите натпревари одиграни денес, Австралија приреди големо изненадување совладувајќи ја Аргентина со 2-0. Стрелци за Австралија беа Велс и Тилио.

Романија беше подобра од Хондурас со минимален резултат 1-0, додека домаќинот Јапонија со ист резултат беше подобар од Јужна Африка.