Поради епидемијата на коронавирусот, натпреварите ширум Италија се играат без публика. Тажната слика на празен стадион ги пречека и фудбалерите на Јувентус и на Интер во Торино, пред решавачкиот натпревар во Серија „А“.

То не му посмета на Роналдо да се пошегува при излегувањето од автобусот.

Тој на празно се поздравуваше со навивачите кои ги немаше, а кои обично овде стојат и собираат автограми.

Со тоа Роналдо симболично покажа дека фудбалот е ништо без навивачите.