Видео од соблекувалната на мал фудбалски клуб од БиХ ги запали социјалните мрежи.

Алија Брацо Хаџиосмановиќ, човекот задолжен за се’ во ниската лига во БиХ, бирал играчи за малото сараевско дерби со Вратник. Еден играч го советуваше да престане да се дрогира.

„Дали престана да се дрогираш? Ќе играш само ако си престанал. Дојди тука, направи пет склекови.“ – му рекол Брацо на фудбалерот кој му се заколна дека нема веќе да се дрогира и ќе се посвети на спортот.