Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, за кого сега зборува цела Европа, можел да биде дел од Хофенхајм уште во 2016 година.

Тогаш Норвежанецот тренираше во Хофенхајм, но не дојде до договор, бидејќи Халанд побара плата од 5000 евра месечно. Според правилникот на Хофенхајм максималната плата за младинец беше 2000 евра, па Халанд замина во Салцбург.

Младиот фудбалер стана славен кога по доаѓањето во Борусија на првите 4 средби постигна 8 гола.