Македонија ќе истрча пред 12 000 навивачи на „Јохан Кројф“ против Холандија во третото коло од групната фаза од Европското првенство на 22 јуни.

Ова го потврдија од Холандија откако Гијс Де Јонг најави дека ЕУРО ќе се игра пред публика, поточно 12 000 лица ќе добијат дозвола за да ги гледаат во живо натпреварите на „Јохан Кројф“.

Протоколите се прецизни, секој што ќе купи карта и ќе пристигне во Амстердам ќе мора да покаже негативен ПЦР тест на Ковид-19.

Потсетуваме дека и во Букурешт, Романија најави дека ќе има навивачи на трибините на „Националната Арена“, каде Македонија ќе ги игра воведните два натпревари на ЕУРО.