Холандија и Белгија размислуваат да ги обединат своите најсилни фудбалски лиги и да направат една, со 18 екипи.

Оваа идеја е резултат на желбата да се зголеми интересот за натпреварите и да се заработи повеќе на ТВ-правата.

Според Transfermarkt, кој пак се повикува на Deloitte, новата лига би донела 400 милиони евра од продажбата на правата, што е многу повеќе од сегашните по 80 милиони евра од поединечните првенства на овие две земји.