Франк де Бур е нов селектор на холандската фудбалска репрезентација за која во кариерата одигра 112 натпрeвaри и настапи на две светски првенства,

50-годишниот  Де Бур ќе го наследи на клупата Роналд Куман, кој минатиот месец ја презеде Барселона, а на селекторското место  ќе остане до Мундијалот 2022 во Катар.

Своите најголеми тренерски успеси Де Бур ги постигна со Ајакс, освојувајќи ги последователно титулите од 2011 до 2014, но потоа не беше особено успешен со милански Интер каде се задржа само 85 денови, по што уследи уште пократок, десетнеделен ангажман во Кристал Палас.