Новиот бран кој е во најава и моменталната ситуација со заразените од Ковид-19 ги примора дел од земјите во Европа да реагираат.

Во целата приказна, настрада и спортот, навивачите повторно немаат право да бидат на стадионите и во салите.

Холандија донесе нови мерки откако бројот на случаи на Ковид-19 во вториот бран ја надмина рекордната бројка од април. Мерките вклучуваат задолжително носење маска во Амстердам и другите големи градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели, затворање на рестораните и баровите во 22 часот.

Велика Британија воведе нови ограничувања во делови од североисточна Англија по зголемениот број на случаи со коронавирус. Од среда на жителите на седум подрачја, вклучително и урбаните центри како Њукасл, Сандерленд и Дурам ќе им биде забрането собирање во домовите и дружење со лица кои не се дел од домаќинството.

Словачка по растот на нови случаи на коронавирус го забрани одржувањето на поголем број културни и спортски натпревари.