Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк де Бур, објави поширок список на играчи за претстојното Европско првенство, објавено е на веб-страницата на фудбалскиот сојуз на Холандија.

На списокот се 34 играчи: голмани: Марко Бизот, Јаспер Силесен, Тим Крул и Мартин Стекеленбург.

Oдбрана: Нејтан Аке, Дели Блинд, Матијас де Лихт, Стефан де Фрај, Дензел Дамфрис, Ханс Хатебор, Рик Карсдорп, Кени Тет, Јурим Тимбер, Патрик ван Анхолт, Џоел Фелтман, Овен Вијндал.

Среден ред: Френки де Јонг, Мартен де Рун, Рајан Гравенберг, Деви Класен, Теун Купмајнерс, Дони ван де Бек, Тони Вилена, Георгино Вајналдум.

Напаѓачи: Стивен Бержју , Стивен Бергвајн, Лук де Јонг, Мемфис Депај, Анвар Ел Гази, Коди Гакпо, Дониел Мален, Квинси Промес, Ваут Вегорст.

Тренерот Де Бур го изостави искусниот Рајан Бабел од списокот, додека фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, претходно изјави дека нема да биде подготвен за Европското првенство.

Холандија се наоѓа  во групата Ц со нашата репрезентација  со Австрија, и Украина, со кои ќе го отвори шампионатот на 13 јуни.