Холандскиот фудбалер Матијас де Лихт не е со екипата на Ајакс која отпатува на подготовки во Австрија.

Холандскиот фудбалер се договори со Јувентус и наскоро се очекува официјална потврда на трансферот на 19-годишниот дефанзивец.

Де Лихт веќе се поздравил со соиграчите од екипата, а реализацијата на трансферот фудбалерот моментално ја чека во Монте Карло од каде треба да замине на официјалната промоција во Торино.

Денеска беше постигнат и конечен договор помеѓу клубовите, а Ајакс на овој трансфер ќе заработи 75 милиони евра.Според најавите промоцијата ќе биде во понеделник.