Холанѓанецот Дени Макели (36) ќе биде главен судија на мечот во четврток меѓу Македонија и Словенија во Скопје.

Макели еднаш и судел на Македoнија во Скопје, на мечот со Италија во 2016 година кој го загубивме несреќно со 2-3. Сега се надеваме дека Макели ќе и донесе повеќе среќа на нашата репрезентација.

На мечот со Италија во Скопје во ЕВРО  квалификациите голови за Македонија постигнаа Хасани и Несторовски, од нив само актуелниот играч на Удинезе е дел од сегашниот состав на нашиот национален тим.