Унгарскиот Хонвед објави дека привремено го отстранува од работа тренерот на екипата, Италијанецот Џузепе Санино.

Имено, Санино деновиве заедно со своите помошници престојуваа во Италија, пред експлозијата на вирусот. По нивното враќање раководството на клубот реши да ги изолира тренерите од останатиот дел на екипата.

62-годишниот Санино тврди дека нема симптоми на болеста, но го прифати карантинот.