Премиерлигата полека се враќа во ритам, од утре на тренинг, а се чека датум за рестарт на сезоната.

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн по шест месеци конечно се враќа на тренинг.

Отруството на Кејн траеше многу долго по повредата од 1 јануари на мечот со Саутемптон.

„Долго чекав да се вратам на тренинг, со нетпрение очекувам враќање на теренот, ова траеше многу долго. Со навивачи или без нив сакам да се рестартира Премиерлигата, тренирав индивидуално, мислам дека сум подготвен за враќање“ – изјави Кејн.