Ѕвездата на Тотенхем Деле Али, според „Дејли Меил“ утринава бил нападнат со нож во својот дом во Лондон од разбојници. Англискиот репрезентативец за среќа мина само со удари од тупаници од разбојниците кои успеале да украдат накит и часовници.

Разбојниците наводно влегле од задниот дел од домот на Али, а тој во тој момент бил со неговиот брат Хари Хикфорд и со уште двајца пријатели кои се наоѓаат во изолација. Домот на Али е покриен со камери, а снимката од упадот на разбојниците е предаден на полицијата.

Али и неговите соиграчи од Тотенхем се очекува да им се вратат на тренинзите на почетокот од следната седмица.