Претседателот на Барселона,  Хосеп Марија Бартомеу се надева дека Лео Меси ќе си стои на зборот и нема да го напушти клубот.

Хосеп Марија Бартомеу изјави дека Меси сака да ја заврши кариерата во Барселона, но стравува и за поинаков епилог со оглед на превирањата во клубот.

„Меси секогаш потврдувал дека сака кариерата да ја заврши тука, во Барселона, иако догворот му истекува во јуни 2021 година, Лео може да игра на врвно ниво следните три до четири години. Немам дилеми дека ќе го одржи ветувањато, тој ќе ја заврши кариерата во Барселона“ – изјави Бартомеу.

Претседателот на Барселона потврди дека преговорите со Интер се прекинати кога е во прашање Лаутаро Мартинез.