Германските медиуми објавија дека италијанскиот фудбалски клуб Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ.

Дека италијанскиот гигант сака да го види Крамариќ во своите редови потврди агентот на фудбалерот кој верува дека Звонимир Бобан може да има клучно улога во оваа операција.

Милан за негов ангажман ќе плати 25 милиони евра.