Хрватска во октомври ја очекуваат два клучни меча во квалификациите за ЕП 2020 година, Унгарија гостува во Сплит на „Пољуд“ а потоа се среќава со Велс.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ се соочува со притисок од Шпанија, Реал Мадрид бара Лука Модриќ да ги прескокне двата меча во октомври поради неверојатно згуснат распоред на натпревари.

Модриќ се повреди за време на настапите со Хрватска против Азербејџан и од тогаш не игра, почнал со тренинзи но „кралевите“ не сакаат да ризикуваат нова повреда на стандардниот првотимец.

Радководството на Реал му препорачало на Модриќ да ја разгледа опцијата да ги прескокне вие два меча и подобро да се подготви за продолжението на сезоната.