Хрватската фудбалска федерација потврди дека нивните играчи нема да клечат во знак на поддршка на движењето „Black Lives Matter“.

На натпреварот со Холандија, репрезентативците на Хрватска одбија да клекнат за „Black Lives Matter“, се огласи и федерацијата пред дуелот со Англија во недела кој се игра од 15 часот.

„Хрватската федерација потврдува дека секаде и секогаш ќе се бориме против расизмот во светот, но на хрватскиот народ не му е во традиција да клечи пред никого за да одаде респект и поддршка. Ние како репрезентација ја поддржуваме борбата против расизмот, а нашите играчи никогаш не навредиле никого на расна основа“ се вели во соопштението на фудбалската федерација на Хрватска.