По низата шпекулации и непроверени информации од Хрватска, полицијата конечно со официјална информаци за инцидентот во кој учествуваше македонскиот фудбалер и член на Славен Белупу, Музафер Ејупи.

Иако првично медиумите од Хрватска информираа дека Ејупи бил еден од напаѓачите во инцидентот, според полицијата настаните во инцидентот се сосема спротивни.

„Лице на 53-години  од Копривница по вербална расправија со метална шипка во пределот на главата го удрил 31-годишниот државјанин на Македонија, а потоа со шипката уште неколкупати по телото го удрил и 32-годишниот роднина. Во самоодбрана, осомничениот 32-годишен маж (роднината на Ејупи) ја зел металната шипка и му задал удари по глава и тело на 53-годишниот напаѓач. По физичката пресметна напаѓачот се здобил со тешки телесни повреди, додека останатите двајца имаат полесни повреди“, објави во извештајот  полицијата од Хрватска.