Шпанецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Хаун Мата јавно проговори околу можноста Погба да остане на „Олд Трафорд“ и покрај отворените понуди од конкурентите кои сакаат да го купат ова лето.
„Тој е одличен плејмејкер и многу позитивна личност која има големо влијане по сите. Мислам дека сите не држи заедно. Не можам да зборам во име на другите но според мене тој е одличен соиграч и пријател и среќен е тука па затоа би сакал да остане со нас.“ – изјави Мата.
Од Италија пак се најавува дека Јувентус веќе подготвил нова понуда до Јунајтед за Погба а слично нешто спрема и Реал Мадрид.
„Ѓаволите“ бараат 200 милиони евра за Погба додека „кралевите“ и „старата дама“ имаат друга математика.
Be the first to write a comment.