По шест години поминати на „Олд Трафорд“, Хуан Мата размислува да прифати една од понудите од Турција и да ја продолжи кариерата далеку од Англија.

Островските медиуми пренесуваат дека искусниот плејмејкер е решен да игра во клуб каде ќе добие стандерно место во почетниот состав.

Фенербахче и Галатасарај веќе стапиле во контакт со неговиот агент околу евентуален трансфер ова лето по завршувањето на сезоната во Премиер Лигата и во Европа Лигата.

Мата е во Јунајтед од 2014 година, а местото во првиот тим го загуби со доаѓањето на Фернандес овој јануари, иако и претходно не беше често во почетните 11 на Солсјкер.