Репрезентативецот на Германија, Матс Хумелс е во преговори со Борусија Дортмунд за негово враќање во дресот на „Милионерите“.

Германски Билд тврди дека Борусија Дортмунд е подготвен да плати 30 милиони евра (20 милиони веднаш и 10 милиони во во бонуси) за повторно во својот тим да го има Хумелс кој не се изнаигра во Баерн Минхем по трансферот во 2016 година.

Баварците веќе го договорија ангажманот на Лукас Хернандес и на Павард па нема да има дополнителни засилувања за одбраната.

Хумелс се согласил да се врати во Дортмунд за помалата плата од 2 милиони евра во однос на они 12 милиони кои ги добива од Баерн според моменталниот договор.