Во Серија „А“ веќе втор фудбалер е позитивен на Коронавирус.

По стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани, денеска е објавено дека и напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габијадини, покажа позитивен резултат на тестирањето за присуство на Коронавирус.

Тоа официјално го соопшти Сампдорија.

Ве информираме дека Маноло Габијадини има позитивен резултат на Коронавирус – Ковид 19. Тој нема висока температура и се чувствувс добро. Ќе ги активираме сите мерки и процедури за карантин во клубот, според поставените правила“, се вели во соопштението на Сампдорија.

На 8 март тој настапи на средбата со Верона, па сега и фудбалерите на овој клуб се во опсност.